НА КРИВОЛАК ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА НА САД
Од први до дваесетти август, воениот полигон Криволак ќе биде домаќин на воена обука на одбрани единици под раководство на Европската команда на силите на САД. Од Генералштабот на АРМ и од Министерството за одбрана велат дека овој тренинг претставува можност за АРМ да ги покаже своите капацитети да биде домаќин на обуки на воениот полигон Криволак. Исто така ова ќе биде прв пат да се користи полигонот во Македонија од страна на авијациски единици на САД, откако неодамна беше сертифициран од страна на Седмата команда за обука на копнените сили на САД. Од Канцеларијата за воена соработка при Американската амбасада објаснуваат соработката е фокусирана врз неколку главни цели: поддршка на Македонија да стане НАТО членка, поддршка за реформите кои треба да се спроведат, поголема операбилност на македонската војска, потоа развој на регионална соработка и подготовка на македонските војници за учество во мисии за поддршка на глобалната безбедност.

