НА НОТР ДАМ МУ СЕ ЗАКАНУВА УРИВАЊЕ ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ГОРЕШТИНИ

//

Главниот архитект на историските споменици на Франција, Филип Вилнев, предупреди дека Нотр Дам може да се урне поради ненормалната топлина што ја погоди оваа земја.

Беше забележано дека колапсот може да се случи за време на реконструкцијата на објектот.

Вилнев објасни дека сѐ уште има многу влага во ѕидовите на црквата што се насобрала по гасењето на пожарот во април и дека тоа, поради големата горештина, може да претставува опасност за конструктивното лежиште на објектот.

Работниците кои ги копаат остатоците по пожарот инсталирале специјални подлоги кои треба да го спречат наводниот колапс.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ГО УТВРДИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ

Следна статија

СДСМ: ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 16 ОТСТО

Најново од Вести