НА ПЛАДНЕ ВЛАДАТА ЌЕ ОДРЖИ СЕДНИЦА, ЌЕ ИМА ЛИ ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИТЕ?
Владата на Република Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи 55-тата седница.
Седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи така што како и до сега ќе бидат почитувани протоколите за превенција и заштита од коронавирусот КОВИД-19.
За заклучоците од седницата ќе информираат од владината прес-служба со соопштение, по нејзиното завршување.
Со одлука на владата, минатата недела беше дозволено да почнат со работа затворените трговски центри, обложувалници, авто школите, како и индивидуалните спортови.

