САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ-ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ЗА ВЛАСТА

//

КОВИД-19 предизвика глобална криза на јавно-здравствените системи и има големо влијание на најголемата досега глобална економска криза. И двете различно влијаат на мажите и жените. И покрај потребата од посебни мерки за самохраните родители оваа власт не превзема ништо за нивниот економски опстанок.

Самохраните родители се една од најранливите категории.Општествата кои не се грижат за еднородителските семејства, всушност самите губат, бидејќи една категорија граѓани ги спречуваат да го дадат својот придонес за целината. За жал во едно такво општество живееме и ние. За оваа влада самохраните родители се граѓани од втор ред.

И додека со денови се убедуваше јавноста дека ни се потребни брзи предвремени избори во време на пандемија предизвикана од коронавирусот како давеници кои бараат сламка за спас, челниците на оваа владејачка гарнитура ниту еднаш не помислија на самохраните родители. ситуацијата во која се наоѓаат и проблемите
со кои секојдневно се соочуваат родителите кои самостојно ги одгледуваат своите деца се крајно алармантни, но оваа власт нема сенз за оваа група на граѓани.

Сами против сите за доброто на своите деца. Веројатно вака многупати се почувствувале самохраните родители во нашата земја. Тие секојдневно се соочуваат со предрасуди од околината, но ова не е нивниот најголем проблем. Тие сами ги гледаат децата, со една плата , најчесто потпросечна и немаат никакви бенефиции од државата. За нив нема попуст во институциите, здравството, немаат предност при вработување и никакви социјални бенефиции. Системска заштита на
самохраните родители -нешто што е сосема нормална појава во современите држави, кај нас ја нема ниту на хартија.

Како и секогаш, државата и во време на коронавирусот повторно и повтроно ги заборави самохранире родители. Еднородителските семејства не се опфатени со ниту една мерка од сетот мерки кои се нудат и во ниту еден момент не се спомнати.
Ниту за популизам и ситни политички поени, никој не се сети на самохранит родители, а тие и понатаму се третирани како граѓани од втор ред.

Самохраноста е повеќекатегорична и дефинитивно треба да се дефинира што претставува еднородителско семејство. Постојат повеќе критериуми и сето тоа треба да се проучи. Потребна е универзална дефиниција, која кај нас ќе се вметне во Законот за семејство. Да се одредат во него индикаторите на самохраноста, какви се видови самохрани родители може да постојат. Неопходна е единствена дефиниција за еднородителско семејство, родител од тоа семејство и дете од такво семејство.

Припадниците на овој тип семејство се обесправени, како што рече, некако се во сивата зона, работите се недорегулирани и сето тоа прави проблем во остварување на основите граѓански права и поддршката што треба да ја добијат. И покрај интенциите родителите и децата од овој вид на семејства да се препознаваат како категорија
под социјален ризик и да бидат предмет на одреден вид социјална заштита и позитивна дискриминација, во Република Македонија овие политики и мерки се неконзистентни, парцијални, многупати непрецизни и делумно дефинирани.

За самохраните родители се вели дека се херои, а ова без сомнение е вистина. Тие ги посветуваат нивните живот и внимание на своите деца, со цел да им омогнат да созреат во добри личности. Кај самохраните мајки, општествениот идентитет на „вистинска“ мајка е доведен во прашање, стигматизиран и поврзуван со неморалност, бесчесност, неспособност,грешност, хистеричност.

Крајниот исход од ваквата нормализација на социјалниот идентитет на самохраните мајки, остварен преку државните правни и социјални системи, креираат „личен идентитет“ што самохраните мајки често не го прифаќаат, но најчесто мораат да го „изведуваат“ доколку сакаат да бидат препознаени во улогата на „жртви“ на кои им помага општеството. На тој начин не само што се врши девалвација на личниот интегритет и способност на самохраните родителки туку дополнително се виктимизираат, така што правните и социјалните системи ги прават дополнително ранливи, не обезбедувајќи им можност за лична и за семејна благосостојба.

Третирањето на самохраните родители како граѓани од втор ред во државата е врв на промашената и безидејна социјална политика на владата. Имајќи предвид дека ја живееме економски најтешката година, барем во време на светската пандемија предизвикана од коронавирусот владините експерти требаше да се сетат на
самохраните родители.

Се додека социјалната политика ни е таква каква што ни е ќе го допираме дното. Држава без добра економска и социјална политика нема иднина.

Автор: м-р Десанка Николова





Претходна статија

ГНЕВ

Следна статија

ВЧИТУВАЊЕ: КОЈ КОМУ ЗА (ПО)СТО %

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното