ХЕЈТЕРИ VS ХЕЈТЕРИ

/

Пред малку прочитав текст кој беше потпишан од еден претставник од плеадата „успешни“ локални политичари кои управуваат со нашиот град овие триесетина години. Тој така сликовито ни објасни за хејтерите, нивните активности и малку поагресивно му одржа лекција во надеж дека ќе ги вразуми.
Добро бе дали не Ви е срам да се појавувате во јавност, па уште ќе држите лекции за морал и етика…
Дали сте се запрашале зошто тие граѓани ве критикуваат? Тие се оние граѓани кои добро ја познаваат душата на Битола за разлика од оние кои подоцна се доселија, но сепак по „заслуга“ учествуваат во управувањето.
Што е тоа што во овој град мрднало од таму каде што застанало? Со што вие ги побивате хејтовите на хејтерите во овие безмалку триесет години?
Ајде презентирајте пред истите тие ваши хејтери, па да немаат право да хејтаат… Дали е тоа можеби сензационалното „стој на глава“ (јас би дал предлог да се разубави централното градско подрачје со овековечување на овај незаборавен настан), дали е можеби развојот на градинарските култури, модернизацијата на училишните објекти, реконструкциите на сообраќајниците (да се моли човек да не му ја раскопате улицата оти ќе се удави во прашина цела година), грандиозните споменици и фонтани, тендерите во четири очи, домот на Копанки, детското одморалиште на Пелистер, загадениот воздух, состојбата на Клиничката болница (ако можи да ја наречеме Клиничка), спортските објекти, градските паркинзи и катните гаражи, модернизацијата на јавните претпријатија, партиските вработувања… со еден збор фантастичен социо-економски развој на Битола.
И покрај сето ова се дрзнувате да си припишете заслуга за реновирањето на офицерски, бела или кремова боја… Како прво парите за таа боја се од граѓаните каде припаѓаат и тие ваши хејтери, а да не беа тие ваши хејтери до сега овој бел или кремов офицерски дом ќе беше фино приватизиран од некој „наивен“ како вас или тие што се покрај вас…

Автор: Благојче Трајковски



Претходна статија

„ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА “ ОД „МАЈКА БУГАРИЈА“

Следна статија

ГЕРОСКИ: НИЕ СМЕ СТОКА

Најново од Анализи & Коментари