На регионалниот пат Неготино – Велес пронајдени осум мигранти од Сирија и Сомалија

/

На 14.01.2022 во 22.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на с.Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија.

Со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.



Претходна статија

Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа

Следна статија

Ја силувале повеќе лица: Несреќната жена ја силувал невенчаниот сопругот со уште неколку мажи

Најново од Вести