НА САШО МИЈАЛКОВ МУ Е УКИНАТО ПОЛИЦИСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Откако Мијалков ја напушти функцијата во мај 2015 година, тој доби службено полициско обезбедување, кое го користеше се до донесувањето на оваа одлука и тоа поради безбедносни проценки за можен ризик. За таа намена Мијалков имаше на располагање два автомобили и шет телохранители кои се грижеа за неговата безбедност.
Мијалков и на судењата на кои е обвинет од страна на СЈО доаѓаше со полициски возила и со обезбедување од припадници од 6-тата управа на МВР.
