НАБРКАНИОТ ШПАНСКИ СЕЛЕКТОР БЛИЗУ ДА НАЈДЕ РАБОТА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Роберто Морено доживеа вистински пекол откако ја предводеше Шпанија шест месеци до пласман на Евро 2020 и кога сите очекуваа дека ќе продолжи со „црвената фурија“ на континенталниот шампионат – доби отказ. Шпанците го вратија Луис Енрике, кој поради трагедија во семејството, во јуни се повлече од кормилото и му го отстапи местото на дотогашниот свој помошник.

Морено со солзи се простил од шпанските фудбалери, следуваше „војна“ на зборови со Енрике, ама нема премногу по се изгледа да чека за нова работа. Според последните информации, Еквадор веќе го пикирал за нов селектор и тој е прва мета на оваа јужноамериканска земја за испразнетото селекторско место.

Шпански „АС“ објавил дека првиот човек на еквадорскиот фудбал, Франсиско Егас ги информирал своите соработници во Кито дека нашол нов селектор и тоа е Морено, откако обидот да го донесат Јирген Клинсман пропаднал, после одлуката на германската легенда да ја преземе берлинска Херта. Егас веќе го контактирал менаџерот на Морено и му поудил 1,5 милиони евра годишна плата, а сега останува Шпанецот да се согласи.

Прва цел ќе му биде добар настап на Копа Америка во Аргентина, а потоа добри квалификации и мундијалска виза за СП во Катар во 2022 година. Но, засега нејасно е дали ќе се согласи за оваа понуда, од причина што сакал да остане да работи во Европа.

Ако Еквадор не успее да го убеди Морено, резервен план е да се ангажира Фернандо Иеро или пак Хосе Пекерман, бившиот селектор на Аргентина и Колумбија.

Извор: Спорт1



Слични Објави