НАД 10.000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ЗА ЕДЕН ДЕН СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВО РУСИЈА

/

Во Русија, во последните 24 часа починаа 76 луѓе, а 10.581 се заразени. Со тоа, бројот на регистрирани случаи на коронавирус во Русија се зголеми на 145.268 лица, а починаа 1.356.

Ова е втор ден по ред дневниот број на нови случаи во земјата да надминува 10.000. Исто така, постои постојан пораст на бројот на новозаболени во Русија од минатиот месец.

На почетокот на април, бројот на нови инфекции варирал помеѓу 400 и 1000, во средината на април помеѓу 3000 и 5000, а на крајот на истиот месец помеѓу 5000 и 7000 на ден. Во првите неколку дена од мај се регистрирани помеѓу 7900 и 10.600 нови случаи на зараза.



Извор: Макфакс

Претходна статија

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ВО ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ СТРАЦИН, ПОЧИНА 23 ГОДИШНО МОМЧЕ

Следна статија

МТСП: ИСПЛАТА НА ПРАВАТА ОД СОЦИЈАЛНА И ДЕТСКА ЗАШТИТА

Најново од Вести