БУГАРИЈА ПОД ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН

//

Бугарија ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од 22 март, како дел од борбата против ширењето на заразата со Ковид-19 што ги наполни болниците, потврди денеска бугарскиот министер за здравство.

Бугарија, која треба да одржи парламентарни избори на 4 април, денеска пријави 4.201 нов случај, со 7.804 лица во болниците, од кои 609 на интензивна нега.

Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со Ковид-19.



Досега земјата, со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи.

Претходна статија

ИЗРАЕЛ: ЕЛЕКТРОНСКА АЛКА ЗА СИТЕ ВО КАРАНТИН, НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА

Следна статија

МВР: 23 ЛИЦА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, РЕГИСТРИРАНИ 455 САНКЦИИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ

Најново од Вести