Над 115 милиони евра за образование во Бугарија за 2026 година
Над 115 милиони евра се планирани за инвестиции во детските градинки и училиштата преку 24 национални програми за развој на образованието, чии проекти се објавени за јавна расправа од Министерството за образование и наука (МОН) на Бугариja.
Новата програма „Инклузивна и безбедна образовна средина“ е насочена кон поддршка на ученици со тешкотии во учењето, вклучително дислексија, дисграфија и дискалкулилија, како и кон продолжено професионално образование за млади со посебни потреби.
Во рамките на „Обезбедување современа, безбедна и достапна образовна средина“ ќе се опремуваат образовни простори и за првпат ќе се финансира спортска опрема за училиштата. Планирано е и создавање дигитална платформа за ран скрининг на развојот кај тригодишни деца.
Преку програмата „Вештини во фокус“ ќе се развиваат современи вештини и педагогшки практики во најмалку 50 градинки и училишта, а „Бугарија – образовни маршрути“ ќе го прошири учењето во културни и научни институции и во училиштата во странство.
Во 2026 година ќе продолжат и досега успешните национални програми, со цел зајакнување на инклузивното образование, дигитализацијата, иновациите и пристапот до квалитетно образование за сите деца и ученици.

