| |

Трамп не го напушти НАТО- ниту Европа може да продолжи да го третира НАТО како до сега

Ивон Величковски

На разочарување на многумина:

1. На сите кои гледаа на нов баланс во Европа фаворизирајќи ги Русија и Кина.

2. На сите кои сметаат дека ЕУ може да остане глобален фактор преку економско влијание и стандарди – без одбранбена структура и трошоци за таа намена – сметајќи на “Јенките” и НАТО по автоматизам.

3. На сите кои сметаат дека САД треба сами да го носат товарот на светската, трансатланската и пацифичката безбедност, додека треба да ги делат придобивките од победата во “Студената војна”.

За почеток, илустрацијата не треба да се бара во Централна и Источна туку во Западна Европа, каде довчерашните “трамписти”, Ле Пен во Франција и АФД во Германија одеднаш ја променија плочата.

Непосредно откако Венецуела покажа дека транзицијата на само еден авторитарен режим:

🔸️ги пореметува движењата на црните пари од шверц со нафта и наркотици и со тоа

🔸️ го попречува финансирањето и на дестабилизацијата и на “Западот” и на “меѓународниот поредок”.

Дали Трамп беше нестандарден во однос на Гренланд? Да, секако. Но штом се тргнат тврдењата во неговиот говор за домашната публика (економски параметри, пресметка со претходната администрација итн.), никој не демантира дека:

❗️ Арктикот е стратешка цел и на 🇪🇺, 🇨🇦, 🇷🇺 и 🇨🇳, а не само на 🇺🇸;

❗️🇷🇺 веќе има десетина бази таму од кои 7 се нови;

❗️🇩🇰 има преземено обврски во однос на американското присуство на Гренланд уште минатата деценија;

❗️🇨🇳 има интерес од контрола на арктичките рути и во тоа ќе ја користи 🇷🇺 сведена на регионална сила како подизведувач;

❗️членките на НАТО од Европа, но и Канада не ги исполнуваа финансиските обврски за заедничката одбрана. А сега се виде дека можело;

❗️на секои два загинати војници на 🇺🇸 во Авганистан, еден војник загина од Европа. Од нив – најголем број се Данци;

❗️дополнителни царини за сега нема како што решението за Гренланд нема да биде воено, и

❗️Гренланд е стратешко безбедносно и економско прашање на 21 век, условено и од климатските промени.

Затоа европската и северноамериканската безбедност остануваат поврзани и затоа се заеднички предизвикани од 🇨🇳 и 🇷🇺.

Контролата врз економските, финансиските, комуникациските канали притоа се и егзистенцијално и безбедносно прашање за трансатланската целина.

Оттука “кавгата во семејството” од двете страни на Атлантикот не е ниту прва ниту последна. Но “семејството” е семејство.

А Северна Македонија и до сега и од сега ќе продолжи да припаѓа просторно и економски во ЕУ и безбедносно-геостратешки во трансатланската заедница.

И нема право да ги попречува логистичките комуникации на источното крило на НАТО или источно-медитеранскиот пристап на Алијансата.



Слични Објави