НАЈЧЕВСКА: СОБРАНИЕТО ВО МОМЕНТОТ НЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛ ТУКУ ПОТРЧКО НА АЛИ АХМЕТИ

„Во моментов Собранието нема претседател туку потрчко на Али Ахмети, кој му слугува на кумот, му принесува вода, му пали цигари, му ја сецка храната во чинија, а можеби му ги мие и нозете (ова последново уште не е направено ред очите на јавноста).

Граѓаните на Македонија нема да излезат од ќенефот во кој се наоѓаат се додека ДУИ има влијание во управувањето со државата и одлучување од позиција на владејачка структура“ напиша на facebook професорката и активистка за човекови права Мирјана Најчевска.