|

Најголемото лизгалиште на Балканот денеска отвора врати во Софија

Најголемото лизгалиште на Балканскиот Полуостров денеска отвора врати во Софија. Се наоѓа во Књажеската градина и е изграденo по виенски модел.

Има површина од близу 4 декари, а украсите го одржуваат Божиќниот дух на објектот. Изградени се ледени патеки кои минуваат низ целата градина. Долги се 500 метри. Обезбедени се 2000 нови лизгалки за лица кои немаат лична опрема.

12 инструктори на лице место ќе подучуваат и млади и стари. Од 9 до 11 часот наутро, децата и учениците ќе можат бесплатно да лизгаат.

Новиот објект е дел од програмата на „Софија – европска престолнина на спортот“.



Слични Објави