Најголемoто село во општина Симитли- Крупник веќе со обновен парк
Жителите на село Крупник, општина Симитли во Бугарија веќе ќе можат да уживаат во паркот во центарот на населеното место. Осветување на објектот отслужи отец Величко а градоначалникот на Симитли, Апостол Апостолов, заедно со кметот на Крупник Александар Равначки и пратеникот во бугарскиот Парламент, Стефан Апостолов, ја пресекоа лентата на реновираниот објект .
Во паркот се изградени игралиште за деца до 3 години, игралиште за деца до 12 години и фитнес на отворено за тинејџерите. Реконструкцијата на паркот е финансирана со средства од Инвестиционата програма за општински проекти со пари од државниот буџет.
На отворањето на обновениот парк присуствуваа уште претседателот на општинскиот Совет во Симитли, Вилимир Алексндров, општински советници , директорот на средното училиште Св.Св. Кирил Методиј , Венцислав Клбов, учители и ученици и жители на селото.
Во своето обраќање кметот на село Крупник Александар Равначки ја изрази својата благодарност кон градоначалникот Апостолов и кон пратеникот Стефан Апостолов.

