|

Најголемото село во општина Симитли во Бугарија- Крупник се подготвува за својот празник Младински собир

Селото Крупник во соседна Бугарија се подготвува за својот познат празник наречен Младински собир. Собирот со децении ги привлекува жителите и гостите на прекрасното село и е посветен на младите луѓе.

Празникот на село Крупник со децении ги привлекува родените и израснати во селото, но исто така и гости од цела Бугарија.

„Празникот посветен на Крупник започна со фудбалски турнир, кој ќе трае до 24 август, кога ќе се одржи финалето. – вели кметицата на Крупник, Иванка Чакалска.

„На 26 август Младинскиот собир ќе започне со многу детска смеа – со детска забава наутро, а навечер ќе продолжи со богата концертна програма со учество на изведувачи и играорци од Крупник, „Гласот на Бугарија“ – Соња Ковачка, Малин Домозетски и музичката ѕвезда Емилија. Ја користам можноста да ги поканам сите жители и гости на општина Симитли да повелат на празникот!“, вели Чакалска.



Слични Објави