Зеленски го потврди интересот на Украина за купување на реакторите од нуклеарната централа Белене пред бугарскиот премиер акад. Денков
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја потврдил пред бугарскиот премиер академик Николај Денков заинтересираноста на неговата земја да ги купи двата бугарски реактори од недовршената нуклеарна централа Белене и нивната опрема, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
Двајцата државници разговараа во Атина, каде што се одржа средба на високо ниво меѓу Украина и земјите од Балканскиот полуостров.
Во моментов Министерството за енергетика врши проценка на имотот, објасни премиерот Денков.
Во Атина, претседателот Зеленски уште еднаш му се заблагодари на бугарскиот премиер за помошта што Бугарија и ја дава на Украина. На средбата меѓу двајцата, бугарскиот премиер го потсетил шефот на украинската држава дека веќе постои одлука на бугарската влада во Украина да се испратат стотина оклопни транспортери од Министерството за внатрешни работи на Бугарија. Се очекува ратификацијата од парламентот да ја заврши процедурата.