НАЈЈАКИ МИ СЕ „ХЕРОИТЕ“ ПОСЛЕ БИТКАТА

Има една категорија на луѓе, што ги има во сите бранши, а за жал и во Црквата, луѓе кои кога треба да се каже или направи нешто, одредена акција или реакција кон некоја појава, ги нема баш никаде. Ги нема да се појават, да зуцнат било што, а уште помалку да се заложат и да направат нешто. Вака сега, во ред е човек да нема мислење и став, да не избрзува со заклучоци, и да не се излетува со одредени постапки, па и на крајот на краиштата не се сите повикани за сѐ, НО симптоматично е кога истите тие луѓе што откако сѐ ќе се заврши, се појавуваат и надмено кажуваат и критикуваат што и како требало или не требало да се каже и направи, и ПОВТОРНО не адресирајќи го самиот проблем, туку исклучиво луѓето што само според нивните моментални увид, знаење и можности (несовршено) се потрудиле да превземат нешто околу дадениот проблем.

loading...

Тоа е тоа, кукавичлукот и неверието понекогаш знаат да бидат така вешто замотани во лажно смирение, та мнозина од критичките мислители и дежурни стратези што ги знаеме и редовно ги читаме се луѓе кои никогаш ништо проактивно не направиле во животот, никогаш не преземале иницијатива, не ризикувале било што свое, и не им паднало на памет самите да влезат гради во гради во бој со одреден проблем. Тука се отпосле, само да ги дотепаат со мислења и критики луѓето што веќе дале пот и крв на бојното поле.

На крај, најтажно од сите нешта е вистинитоста на изреката која толку многу пати ја имаме засведочено, тоа дека христијанската војска е единствената војска која ги дотепува своите ранети борци.


loading...

Господи помилуј.

Автор: пастор Филип Иванов