НАЈМАЛКУ 10 НОВОРОДЕНЧИЊА СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ТЕМИШВАР РОМАНИЈА

/

Најмалку 10 новороденчиња во романскиот град Темишвар се заразени со коронавирус во локалната болница, јавуваат романските медиуми.

Нивните мајки не биле заразени од инфекцијата. Инспекторите заклучиле дека новороденчињата ја добиле инфекцијата од медицинскиот персонал. Засега бебињата не покажале никакви симптоми на болеста.

Една од мајките вели дека вработените во болницата не носеле заштитни маски.



„Во последните неколку денови живеев во хорор филм“, раскажува жената.
Сите, освен едно од заразените новороденчиња, се испратени во домашна самоизолација.

Претходна статија

ММФ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА 176 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ОТКРИЕНИ ШЕСТ НОВИ ВИДОВИ НА КОРОНА ВИРУС КОИ ГИ ПРЕНЕСУВААТ ЛИЛЈАЦИТЕ

Најново од Вести