| |

ЗАЕВ: СО ДОГОВОРОТ ЈА ОБЕЗБЕДУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Македонско-грчкиот договор е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ.

Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој. Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна, смета лидерот на СДСМ, Зоран Заев.



Слични Објави