РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД МОРБИЛИ
Според Ментор Мела, епидемиолог при единицата на Центарот за јавно здравје, токму денеска е регистрирано последното лице заразено од морбили.
Тој изјави дека останатите 35 лица веќе се пуштени на домашно лекување. Мела додаде дека сепак останува во сила епидемијата од морбили што е прогласена во Дебар, но додаде дека последниве 4 дена се забележува намалување на интензитетот.
Официјално, во Дебар 9-месечно девојче е најмладото лице заразено од морбили, а најстарото е 44-годишна жена. Од единицата на Заводот за јавно здравје во Дебар изјавуваат дека случаите на заразени од морбили поради немање инфектолог во Дебар, се испратени на лекување во Охрид и Скопје.
Ова не е прв случај на морбили во последниве неколку години. Во март 2014 година во Скопје беше прогласена епидемија на морбили, а ситуацијата беше сериозна и во февруари годиниава. Статистички, во Македионија, овие вируси секогаш доаѓаат при поголена раздвиженост на населението, како што се летните одмори и посетите на исселениците од странство.