| |

СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ МЕЃУ ЖЕНЕВА И СТРАЗБУР! (2) 

Епизода: Разговорите

Владимир Перев

1. 
За нас обичните македонци, огромната светла зграда на Советот на Европа изгледа мрачна и застрашувачка. Влегуваме внатре, и ја минуваме проверката за безбедност. Строга е таа проверка, но ниту оддалеку како онаа на аеродромите низ Европа и Америка. Огромните холови се преполни со луѓе кои некаде забрзано се движат, а ние гледаме во таа огромна маса народ, чудејки се кој пат да го фатиме. Но, европската администрација, која антиевропејците толку многу сакаат да ја нарекуваат бирократија, дејствува ефикасно. Тука се членовите на персоналот на комесарјатите и тие не спроведуваат низ лавиринтот од ходници, до салите за состанок. Учтиво сме предупредени дека разговорите на кои сме поканети треба да траат најмногу 45 минути, дека сите тројца треба да говориме јасно и кратко, воедно и да одговориме на некои прашања, разбира се, доколку бидеме прашани. Учтивиот тон е задолжителен, но тоа јас го знам уште од пред дваесет и пет години. 

2. 
На почетокот се среќаваме со известувачот за РСМ Joe O’Reilly. Со него се познавам од претходната средба и сега разговараме веќe како познаници. Тонот е срдечен и прифатлив. Прво говорам јас, потоа Црномаров, за на крајот да говори и Пендиков. Јас говорaм за нашето историско илјадагодишно бугарско присуство на македонските пространства, за тоа како ние сме дел од сите три бугарски царства, како сме дел па дури и носители на Преродбата, говорам за обидите за насилно бришење на нашиот идентитет на овие пространства, места на нашите предци и нивните гробови. Црномаров истапува со обемна документација за бришење на нашето културно и црковно наследство во Македонија, документирано со бројни фотографии и документи собрани на терен или од медиумите. Пандиков говори за своето лично искуство со насилието на македонската актуелна врхушка, за безучестноста на органите на власта во раследувањето на неговото дело и за елементарните, смешни казни врз насилниците. Сите заедно говориме за јазикот на омразата низ медиумите но и во јавниот живот, за поттикнувањето на омраза кон бугарскиот елемент во Македонија и обидите за заплашување и дискредитација на активностите на македонските бугари. Средбата трае повеќе од час и половина. Референтот за Македонија О’Рајли има цел водопад од прашања, на кои ние одговараме јасно, кратко и со документи. Се разделуваме пријателски, со обострано чувство на задоволство од средбата. 

3. 
Средбата во ECRI беше закажане со извршниот секретар Johan Friestedt, каде дојде и еден негов соработник. Средбата почна вообичаено, со нашите уводни излагања и со прашањата на двајцата функционери. Очекувано, разговорот се сврте кон говорот на омраза кон бугарите низ институциите и во јавниот простор на Македонија. И тука бевме одлично подготвени со фотокопии од материјали и документи. Полека, разговорот се сврте во доменот на интересите на ECRI, во доменот на говорот бугари-татари и во навредливата конотација на тоа претставување дури и во учебниците во Македонија, учебници за деца од рана школска возраст. Ја посочивме никаде до сега регистрираната појава на антибугаризам како нов расизам низ европските пространства, претставувањето на бугарите (па и на нас,  македонските бугари) низ призмата на расистички конотации и констатации, невидени во Европа по Втората светска војна. Притоа Црномаров покажа документи за тие наши тврдења, а Пендиков го илустрираше сопствениот случај на насилство врз него, поткрепено со соодветни расистички реплики на социјалните мрежи. 

Средбата траеше повеќе од час и половина…темпото го диктираа домаќините! 

4. 
Средебата со Комитетот за човекови права требаше да се одржи со шефот на кабинетот на Комесарот. Не малку бевме изненадени кога на средбата се појави лично еврокомесарот Dr. Michael O’Flaherty, заедно со две свои соработнички. Лично не предупреди дека нема повеќе од половина час за нас, затоа да бидеме кратки и јасни. Потоа одново беше поставувана лавина од прашања, за средбата да трае скоро педесет минити и конечно О’Флаерти да појде на средба на еврокомесарите во соседната просторија…не прекинуваа неколку пати, но тој покажа огромен интерес. 

5. 
Неколку основни елементи се заеднички за сите три средби: 1. И трите средби траеја подолго од договореното. 2. На сите три средби се покажа најконкретно интересирање за правата на македонските бугари и говорот на омраза во медиумите, социјалните мрежи и кај политичарите. 3. На сите средби се говореше и за “придружните елементи на власта“ како што се слободните професии, изјаснувања на јавни личности и нивниот говор на омраза, конкретно кон бугарите во Македонија. 4. На сите три средби имаше коректен разговор, без инсинуации или јавни изјави против РСМ како држава. 5. Никогаш не беше споменато нашето незадоволство од работата на европските институции…напротив, сите разговори водеа кон взаемно почитување, доверие и надеж за разрешување на правата на македонските бугари. 6. За сите разговори се водеше протокол. 

6. 
Не треба да се залажуваме дека “сѐ беше мед и млеко“. Навистина, никој не проговори против РСМ, ама на пример јас, ја посочив индолентноста на европските институции кон нашиот премиер Мицкоски заради неговата изјава дека “сѐ додека тој е премиер, бугарите нема да влезат во Уставот на РСМ“, изјава која говори за личен апсолутизам, непознат низ европските пространства. Потоа се анализираше и нехуманоста и студенилото во неговата (документирана) изјава, дека во времето на трагедијата во Кочани, која одзеде 62 млади животи “размислувал дали да ја прифати понудената помош од Бугарија и дека тоа били најтешкиот чин во неговиот живот“. Овде веќе не станува збор за политика, туку за личниот емпатиски и карактерен капацитет на лидерот на една партија и премиер на држава…сето тоа документирано! 

7. 
Излегуваме да се прошеттаме низ Стразбур и да ги видиме знаменитостите. Средбите се завршени. Разговараме и сме задоволни од резултатите на нашет патување низ институциите на Европа. 

Попладне е, ама ние го гледаме Стразбур како град со повеќе светлина…времето кое доаѓа ќе ги покаже резултатите од нашата мисија. 

Во мислите, со мене е сеќавањето за Теодор Димитров. Неговата сенка  виси над нашите глави и дејствија. Се надевам дека нашата работа нема да биде уште една белешка кон неговата трагична, но капитална книга, “Жалбите на Македонија“! 

Слични Објави