УНГАРСКИ МЕДИУМИ: ОРБАН НЕ ГО ПРЕЧЕКАЛ ГРУЕВСКИ ВО СВОЈОТ ДОМ

Одговорното лице за односи со јавноста во кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, Хавас Берталана, за унгарските портали изјавил дека првиот човек на унгарската влада во неговиот дом немал средба со македонскиот екс-премиер, откако тој дошол по азил во Унгарија.

„Премиерот отиде дома вчера, се сретна со лицата Флора и Роза, но не и со човекот кого што го именувавте. Значи информацијата треба да се класифицира како „патка“, рекол Берталана.

Ваквата информација беше побарана од службите во унгарската влада откако некои портали пренесоа дека Груевски е во домот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Извор: AlsatM