НАМЕСТО ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА, ШПАНЦИТЕ НА ГОЛЕМО КУПУВААТ ВИНО, ПИВО И ЧОКОЛАДО

/

Шпанските продавници се полни со тоалетна хартија. Наместо тоа, Шпанците панично купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколадо, или едноставно ги консумираат повеќе од претходно, пишува dpa.

Ова го покажуваат податоците од пазарот во време кога цела Шпанија е во изолација од 15 март.

Шпанците купиле 80 проценти повеќе пиво и 60 проценти повеќе вино во изминатата недела во однос на претходната недела, се вели во извештајот на „Инфоретаил“.

Маслинките се чини дека се уште попопуларни, при што продажбата скокна за 94 проценти.

Чипсот, чоколадото, сладоледот и инчуните исто така исчезнуваат од полиците и нивната продажба се зголеми од 76 на 87 проценти.



Шпанците кои инаку се дружат во кафулиња, барови и други места на отворено, сега направија свои домашни барови, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Психологот Олга Кастаниер овие промени ги припишува на вознемиреноста предизвикана од епидемијата на коронавирус и новите ограничувања на движењето.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ОВОЈ ЧОВЕК Е ЗА ВО ИНСТИТУЦИЈА: ТРИЧКОВСКИ СО НОВ ИСПАД ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО ПОВИК: КУПУВАЈТЕ ПРОИЗВОДИ ОД ЛОКАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Најново од Вести