БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО ПОВИК: КУПУВАЈТЕ ПРОИЗВОДИ ОД ЛОКАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

/

Министерката за земјоделство на Бугарија  Десислава Танева ги повика сопствениците на  продавниците кои продаваат производи на мало да организираат снабдување на нивните продавници на производи од локалните земјоделци.

„Поради вонредната состојба предизвикана од пандемија на корона вирус, извозот сега е тежок и ова е најголемиот проблем за нас во земјоделскиот сектор“, изјави министерката за Нова Телевизија.

Нејзиниот став е дека ова прашање треба да се реши со вонредни законски  мерки. Важно е прво да се продаде домашното  производство.

Таа конкретно испрати апел до малопродажните ланци за трговија со храна, да контактираат со локалните земјоделци.





Претходна статија

НАМЕСТО ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА, ШПАНЦИТЕ НА ГОЛЕМО КУПУВААТ ВИНО, ПИВО И ЧОКОЛАДО

Следна статија

ЈОВАНОВСКА: РОДИЛКАТА СО КОРОНАВИРУС Е ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, БЕБЕТО НЕМА КОРОНАВИРУС И Е СТАБИЛНО

Најново од Вести