Напад во француско училиште, убиен професор
Во средно училиште во Арас, Франција денеска околу 11 часот се случил напад со нож. Професор бил убиен, а неколку луѓе се повредени.
Како што јави француската телевизија МФМТВ, осомничениот викал „Алах Акбар“. Напаѓачот е уапсен, а веста за апсењето ја потврди и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин.
„Полицијата интервенираше во средното училиште во Арас. Напаѓачот е уапсен“, објави тој.