Напаѓачот најверојатно има свој „ментор“
Аргир од Б’лгарско Блаца
Кучињата скитници претставуваат сериозен проблем на географските ширини на кои живееме. И во нашата Македонија секој ден во билтените на министерството за внатрешни работи (МВР) има по десетина пријави за нападнати и каснати граѓани од улични кучиња. Децата и повозрасните луѓе се најранливите категории во овие напади.
Една популарна поговорка од овој дел од регионот вели дека “на кучињата не може да им се верува”, па и да ги храните и да се грижите за нив, постои можност понекогаш да се бесни, па затоа е подобро да се најде соодветно место и да се чуваат таму. Зимскиот период исто така создава додатни услови за зголемување на проблемот.
Токму деновиве кога навлегуваме во зимскиот период од годината, дознавме дека доајенот на пишаниот збор на македонските б’лгари, и добитник на наградата “Будител на годината” за 2022 г., г-н Владимир (Владо) Перев бил нападнат! Но не од бездомно куче, а од непознат сторител, кој си земал за право, да кажува кој во која држава треба да оди и што треба да зборува и пишува. Владимир Перев или како што го викаат неговите пријатели, бај Владо е возрасна личност со неговите солидни 80 години, и заради тоа тој спаѓа во категоријата на луѓето со висок ризик кога станува збор за такви напади.
Но, за среќа Бај Владо не бил сериозно повреден, за разлика од помладиот македонски б’лгарин од Охрид, Христијан Пендиков којшто беше нападнат пак во зимно време, во јануари 2023 г., и се здоби со многу посериозни повреди.
Од исказите на г-н Владимир Перев, станува јасно дека сепак станува јасно дека неговиот напаѓач не е тотален „скитник“, и најверојатно има „ментор“ којшто го „тренирал“ за такви напади!
Овој проблем е многу сложен и голем, имајќи предвид причините и последиците од такви напади, па оттука со овој проблем треба посериозно да се занимава државата.
Не треба да претставува пречка во истрагата тоа што нападнатиот граѓанин на Р. С. Македонија, инаку македонски б’лгарин по етничко потекло, и покрај неговите 80 години сѐ уште не е составен дел од преамбулата на Уставот на Р. С. Македонија!
Државата одбивајќи да ги впише сопствените граѓани од оваа етничко потекло во преамбулата на Уставот, ги остава во положба на ранливи и со скратени права луѓе, во случај на напади над нив.
Овој проблем станува заразна болест! Р. С. Македонија не е и не треба да е земја кадешто дивиот живот е составен дел од секојдневието. Р. С. Македонија сепак е европска земја, и мора да се превземаат сериозни мерки. Мора таквите напади да се казнуваат дури и тогаш кога е возможно напаѓачот да има свој „ментор“.

