|

Одбележуваме 5 години од смртта на големиот писател, поет и драматург македонскиот Бугарин Миле Неделкоски

На 21 јуни 2025 година, поминаа точно пет години од смртта на истакнатиот писател, поет, драматург Миле Неделкоски – автор со исклучителна биографија и творечко наследство, кој отворено се изјаснуваше како македонски Бугарин.

Миле Неделкоски е роден во 1935 година во Прилеп, а образованието го започнал во бугарските училишта во Тополчани, Загорани и Прилеп. Поради одбивањето да зборува „на службениот јазик“, бил двапати исклучуван од гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, а подоцна и од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Во 1958 година завршува училиште за забни техничари и работи кратко како забен техничар во родниот град, пред да се пресели во Скопје, каде што живее до крајот на својот живот.

Неговата слободоумност и ставови не остануваат незабележани од тогашните власти – бил следен од југословенската тајна служба УДБ-а. И покрај притисоците, Неделкоски создава значаен литературен опус. Романот „Пепелаши“ (1968) го најавува неговиот влез на книжевната сцена, а за поетската збирка „Еротикон-еротикон“ (1969) освојува награди на Струшките вечери на поезијата и наградата Кочо Рацин. Подоцна ги објавува романите „Пандур“ (1982), „Потковицата на смртта и надежта“ (1986), за кој ја добива бугарската книжевна награда „Димитар Талев“, како и „Поткованиот врапец“ (1988). Во 2006 година излегува неговото дело  „Logomahia V Адресирани фрустрации“. По неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“ (1988) е снимен и истоимениот бугарско-македонски филм.

“Кој македонизам? На великосрбскиот на Стојан Новакович, кој што определува, дека македонците се словени, но немат ништо обшто со Бугарите? Или на „античкиот” македонизам, кој што определува, дека потекнуваме како нација од древните македонци. Всушност има еден друг македонизам, коренит, возрожденскиот. Тој на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович, кои што пишувале на долномизиски диалект, на Партениј Зографски, на Кузман Шапкарев, на Григор Прличев, на браќата Миладинови; на македонските ајдуци и комити; на ополченците во Ослободителната војна (на Бугарија 1878), во Србско-бугарската (1885), во Балканските војни и в Првата светска војна; на Димитар Матов, на Трајко Китанчев, на Христо Матов, на Натанаил Кучевишки – Митрополит Охридски и Пловдивски, на Методиј Кусев – Митрополит Старозагорски? Што и да правите со тој македонизам, каков и знак да му прикачите, тој нема да биде нешто поразлично од тоа да се чувствуваш тракиец, добруџанец или шоп.

Традиции, принципи, програми на старата историска ВМРО се цели три: на основачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев – автономија и последователно соединување со татковината Бугарија; на Тодор Александров и неговите следбеници – самостојна независна Македонија, Швајцарија на Балканот под патронат на Америка или Лигата на народите, но држава на нејзиното бугарско население; на левото крило (ВМРО обединета) и коминтерновскиот македонизам, што ги разделува Македонците од Бугарите, за кој што бугарските комунисти имат не помала „заслуга” – балканска федерација и во неа обединета Македонија. Нека кажат – на кој од трите принципи се приврзеници?“

ТОТАЛИТАРНИТЕ ЧИПОВИ НИ СЕ ВО ГЛАВИТЕ, интервју со М. Неделковски, 2006 г.



Слични Објави