СМС ПОРАКАТА НА РУСКОВСКА ДО СУДИИТЕ: ОД ГАЌИ ЌЕ ВЕ ИСТРЕСАМ!
По заканата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе поведе финансиска истрага за судиите од Апелација кои одлучија Катица Јанева да оди во домашен притвор, со реакција се јави Апелациониот суд.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Ве известуваме дека на 19.11.2019 година во вечерните часови, од страна на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција Скопје, Вилма Рускоска, е испратена СМС порака до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје кој учествувал во жалбена постапка по повод изјавените жалби на обвинетата Катица Јанева, лично и преку нејзиниот бранител против првостепеното решение за продолжување на мерката притвор, која порака е со следната содржина:
„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“, јавува Фокус.
Целиот напис прочитајте го овде.

