| |

Народен собир по повод годишнината од Априлското востание се одржа во месноста Обориште

Во историскoто место Обориште над Панаѓуриште се одржа сенароден собир по повод 148-годишнината од Априлското востание, јавува БНР. На местото, кое стана симбол на бугарскиот парламентаризам, се одржа молебен за здравје и благосостојба на бугарскиот народ.
Споменикот Априлци, на кој се испишани имињата на првите 67 бугарски пратеници, беше покриен со венци и свежо цвеќе.

Со едноминутно молчење беше почестен споменот на учесниците на првото Народно собрание, кои пред 148 години дадоа пример за демократија и државнички дух.

Во својот официјален говор, потпретседателката на Народното собрание Росица Кирова рече:

„Оваа историска област секогаш ќе биде место на длабока почит и благодарност на генерациите кон хероите од Априлското востание. и безмилосен тест за висината на нашата одговорност кон народот денес“.

Народниот собир продолжува со празнична програма.

Слични Објави