| |

(ВИДЕО) Димитриевски се пожали дека полицијата го следи: МВР ме спречува да работам и го прашувам Спасовски зошто сум следен

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со вклучување во живо на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Градоначалникот се пожали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела и и дека само му било наредено возилото да го однесе на вонреден технички сервис.

Слични Објави