НАСЕР СЕЛМАНИ : ВЛАДАТА ГИ ВРАЌА ВЛАДИНИТЕ КАМПАЊИ
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани смета дека повеќе од јасно е дека во пресрет на референдумот на големо се враќаат владините кампањи. Според него, прифатливо е кампањата да биде со цел да се мотивираат граѓаните да излезат да гласаат на референдумот, што е во јавен интерес, но воедно тој потенција дека не е прифатливо да им се кажува како да гласаат. „Го укинаа владиното рекламирање. Ветија дека никогаш нема да трошат јавни пари. Го укинаа субвенционирањето за националните телевизии за производство на документарна и домашна продукција и сега на голема врата враќаат нешто за што цело време се бореа и апсолутно ние ќе бидеме против тоа“, изјавии Селмани.