ВМРО ДПМНЕ : КОГА КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА СТАНУВААТ ПРАКСА, НАУКАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО СТРАДАТ

Вести Истакнато Македонија

Кога криминалот и корупцијата стануваат пракса во работењето на  власта, науката и образованието од приоритет се запоставуваат и страдаат. Република Македонија  доживеа уште  еден пораз, ниту еден универзитет во државата не се најде во првите илјада на Шангајската листа.

Универзитетите од целиот регион се наоѓаат во првите илјади универзитети на оваа листа. Според оваа листа универзитетите во соседството како Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун, нудат далеку подобро образование од нашите.

Државата наместо да оди напред, оди назад. Власта се однесува индолентно и е целосно неспособна.

Негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието се главните причинители за овие лошите резултати.

Со вакво неквалитетно образование не  се оди во ЕУ, со вакво неквалитетно образование се загрозува иднината на Република Македонија. Младите се најголемата  жртва на неодговорните политики на СДСМ. Власта ги уништува идните генерации и им го одзема правото на  квалитетно образование.