Наставничка од Русија им кажала на своите ученици дека нивната земја е агресор. Ѝ се заканува затворска казна до 10 години
„Телеграмскиот канал „База“ објави извадок од разговор меѓу руската наставничка Ирина Ген и нејзините ученици. Таа им објаснува на децата дека војната во Украина е лудост и дека нивната земја е агресор во независна држава. Исто така кажала, дека во моментов со Русија владее тоталитарен режим“, пишува Офњуз.бг.
Настаните се случиле во училиште во градот Пенза.
„Ние сме веќе изолирана земја. Станавме Северна Кореја. Никој веќе не нѐ прифаќа, бидејќи меѓународната заедница е цивилизирана страна, не може да се однесува на таков начин“, рече таа.
Но, студентите тоа го снимиле со своите телефони и аудио снимката ја пренеле на органите на власта. Тие, пак, покренаа кривична постапка против Ирена Ген за ширење лажни вести за руските вооружени сили. На жената сега и се заканува затворска казна до 10 години.
Извор: Офњуз.бг

