ПЛУСИНФО: ЗДРАВЈЕТО НА КАМЧЕВ ВЛОШЕНО, НЕМА СВЕЖ ВОЗДУХ,СВЕТЛИНА И ДОВОЛНО ПИТКА ВОДА

//

Одбраната на притворениот Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет, пренесува Плусинфо.

Одбраната од нив ќе побара да спроведат ад-хок мисија, бидејќи Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор. Просторијата во која се држи Јордан Камчев е под сите минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Нема санитарна вода, а вода за пиење добива ограничено и не секој ден. Нема пристап до светлина и до свеж воздух.Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту било каков одговор, вели одбраната.



Повеќе на Плусинфо

Претходна статија

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА „ТРЕЗОР“

Следна статија

ЛИМОН И МАСЛО ОД СУСАМ ЗА БОЛКА ВО КОЛЕНАТА

Најново од Вести