Навални: Запад да го прошири списокот санкционирани руски олигарси

/

Рускиот дисидент Алексеј Навални по повика Западот да воведе уште посилни санкции против руските олигарси, во услови кога Москва ја продолжува војната во Украина.

„Да не забовравиме, санкциите се неопходни за да се натера агресорот да ја запре војната. Да се изврши притисок врз него. На располагање се комплексни решенија како ембаргото на нафтата и на гасот. Но, има и мошне едноставни, персонални санкции. За нив не е потребно ништо освен политичка волја“, напиша тој од затворот каде отслужува долгогодишна казна.

Во низата објави преку Твитер Навални го критикува фактот што директорот на државната нафтена компанија „Роснефт“ Игор Сечин е на листата санкционирани личности, додека директорот на „Газпром“ Алексеј Милер не е.

Како пример тој уште го посочи и милијардерот Роман Абрамович, кој исто така не е на американската листа санкционирани руски олигарси.



Од 200 најбогати руски државјани од листата на руското издание на „Форбс“, едвај четвртина се на списокот санкционирани, пишува Навални.

Навални моментално отслужува деветгодишна затворска казна, изречена заради наводно извршено кривично дело „измама“. Тој с е смета за политички затвореник, поради неговите отворени критики упатени на адреса на руските власти.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Битолското училиште „Ѓорѓи Сугарев“ доби рок од шест месеци да ја намали сегрегацијата на ромските деца

Следна статија

Ташев: Власта во Скопје ќе најде начин да ги спроведе измените во Уставот

Најново од Вести