|

Не бараме милост, само бараме шанса за фер судење, седум години се манипулира со јавноста, велат семејствата на осудените за „27 април“

Семејствата на осудените за „27 април“ преку социјалните мрежи објавија писмо до граѓаните на Македонија. Тие велат дека не бараат милост, туку само шанса за фер судење.

„Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но, за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат сè понеиздржливи. Неиздржлива е помислата дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа.

Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам, ама не кажуваат дека сториле тероризам без оружје, неиздржливо е да се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели.

Граѓаните, од прв до последен, треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за државни непријатели и дека се политички затвореници.

Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори, со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години, што е ЕДНА ТРЕТИНА во однос на ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ на кои беа осудени нашите најмили и враќањето на предметот на повторно судење, ни даде трошка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имаат можност и право на фер судење, со враќање на предметот на повторно судење и за нив. Не бараме милост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност, велат од семејствата на осудените во своето писмо објавено на социјалните мрежи.


Слични Објави