| |

Одложено судењето за случајот „Титаник“

Судијата Осман Шабани го одложи денешното судско рочиште за случајот „Титаник“, откако претходно тоа го побараа адвокатите  бидејќи не успеале да направат увид во целокупниот доказен матеирјал со обем од 25.000 страници. Шабани го закажа наредното рочиште за 12 април.  Адвокатите реагираа дека нема да имаат доволно време за да се подготват заради велигенските празници, но судијата го одби нивното барање за поголемо одложување им порача дека ќе се видат повторно на 12 април.

Слични Објави