Не им е лесно на колегите во Северна Македонија
Андреj Ковачев
Не сакаат ни да слушнат за впишување на Бугарите во Уставот, а половина од нивните фамилии – заедно со браќа, сестри, балдзки и баџанаци – веќе имаат бугарско државјанство.
Најважното е дека тоа државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест – во која секој запишал дека и мајка му, и татко му, и брат му, и сестра му се Бугари исто така.
А братот или сестрата денес се или пратеник, или министер… или пак омажени за актуелен премиер.
На прв поглед – малку шизофрена работа.
Од една страна, неспорен факт е дека нивната партија го носи името на бугарска националистичка организација и дека им се поклонуваат на Гоце Делчев (Георги Николовъ Дѣлчевъ), Даме Груев (Дамянъ Груевъ), Сандански, Браќата Миладинови, Григоръ Пъличевъ и др. – луѓе кои самите се определиле како Бугари и го нарекувале својот јазик бугарски.
Од друга – не забораваат да оддадат почит и на своите српски и југословенски окупатори, на Тито, Темпо и Колишевски.
А најмногу од сè – секогаш се подготвени да го нападнат „источниот сосед“, „татарите“ и „бугарскиот фашистички окупатор“… додека во истото време во нивниот џеб го кријат бугарски пасош.
И на крајот… не им е голем проблем дали ќе влезат во ЕУ.
Тие се веќе внатре – заедно со уште 216.000 македонски граѓани, кои станале бугарски државјани по бугарско потекло и бугарско самоопределување.
Жално за останатите – оние што сè уште им веруваат.


