ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје
Според обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3 472 од вкупно 3 474 избирачки места, на вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, а избрани уште во првиот круг, јавува Цивилмедија.
Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре,
СДСМ во првиот круг освои градоначалнички места во 3 општините: Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.
Според податоците на ДИК, коалацијата ВЛЕН во трката за градоначланик во првиот круг победи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце., додека коалцијата НАИ, предводена од ДУИ, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.
Iзборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.
Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија, објавени утрово во 7 часот на нивната веб-страница, од обработени 100 отсто од избирачките места во главниот град, најмногу гласови во Советот на Град Скопје освои колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, (35,15 отсто), на второ место е Левица (11,83 отсто), на трето е коалицијата ВЛЕН(11,77 отсто), на четврто коалицијата предводена од ДУИ (11,64 отсто), а петти е СДСМ со коалицијата (10,56 отсто)
Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, со освоени 39,43 отсто од гласовите на скопјани или 91 582 гласа, и актуелниот пратеник на Левица во Собранието, Амар Мециновиќ, кој освои 13,20 отсто од гласовите или во апсолутни бројки, 30 659 гласови, одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември.
На трето место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу со освоени 12 отсто гласови или 27 864, додека кандидатката на опозициската СДСМ, Каја Шукова, според првичните неофицијални резултати доби 26 714 гласа или 11, 50 отсто.

