|

„Не можевме да работиме како што планиравме“-Ердоган побара прошка од луѓето во тешко погодените области

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се извини денеска на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, за доцнењето на пристигнувањето на помошта.

„Поради разорниот ефект од потресите и лошото време, не можевме да работиме како што сакавме првите неколку дена во Адијаман. Се извинувам за тоа“, рече Ердоган.

Турскиот претседател денеска го посети тој дел од земјата, три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во Турција, а ја погоди и соседна Сирија.



Слични Објави