НЕЈМАР СЕ СПАСИ – ОТФРЛЕНО ОБВИНЕНИЕТО ДЕКА СИЛУВАЛ БРАЗИЛСКА МАНЕКЕНКА

//

Најскапиот светски фудбалер Нејмар се спаси од обвинението на бразилската манекенка Наџила Триндаде, па полицијата и обвинителството го атворија случајот поради недостаток на докази против фудбалерот на Пари Сен Жермен.

Пред два месеци Триндаде го обвини Нејмар дека ја силувал во хотел во Париз, каде што та дошла на негово барање, а потоа беше објавено едно видео, кое не беше доволен доказ дека навистина ја присилил на секс.

Наџила во полиција сведочеше дека го молела Нејмар да престане, што нејзиниот сонародник го одбил тоа да го стори, а патем ја удрил и неколку пати. После инцидентот се вратила во Бразил, а сите ги остави во шок кога јавно излезе со обвиненија за силување. Но, целиот случај тргна наопаку за Бразилката, откако се соочи со обвиненија за клевета од полицијата, откако јавно истакна дека бразилската полиција е корумпирана, а потоа не успеваше да најде адвокат за да го води нејзиниот случај.



Полицијата од обвинението тргна во истрага, но не дојде до докази, ниту до снимката со која Наџила се закануваше дека ќе го објави за да се види целото злосторство, но тоа не се случи, па таа снимка не стигна ни до полицијата.

Извор: Спорт1

Претходна статија

СЈО ЗА ПЛУС ИНФО: БОЛЕДУВАЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА Е ЗА 15 ДЕНА

Следна статија

ШИЛЕГОВ ГО ПРАТИ ГРУЕВСКИ НА ПЛИВАЊЕ: „ПЛИВАЈ МАЛИ!!! АУУУ МАЏАРСКА НЕМА МОРЕ“

Најново од Вести