ЕУ НУДИ ПОСРЕДУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА ВО ЦРНА ГОРА ПО МОДЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА

//

Владимир Билчик, копретседател на Парламентарниот комитет на ЕУ и Црна Гора за стабилизација и асоцијација изјави дека ЕУ може да помогне во решавање на институционалната криза во Црна Гора како што го направи тоа во Македонија, но дека за нивно вклучување не е доволен само повик од опозицијата, пренесува „Вечерње новости“.

Одговарајќи на прашањето дали и накој начин Европскиот парламент и Брисел можат да помогнат во решавање на институционалната криза во Црна Гора и дали тоа може да влијае врз понатамошните преговори со ЕУ, тој истакна дека дијалогот што го користеле во Северна Македонија и вториот механизам – интерпарламентарниот дијалог кој е на сила во Србија, може да се активираат и тука, се разбира, на барање на Црна Гора.

Билчик посочи дека ЕП е подготвен да помогне во тој процес преку медијација или да понуди совети.

„Веќе бевме во ситуација некои земји-кандидатки да не замолат за таква помош, да сториме се што можеме да се развие таа политичка култура во парламентот и во другите институции,“ рече тој.



Билчик оцени дека прашањето на верските заедници е исклучиво во надлежнот на државата Црна Гора, но дека таа постапка мора да се води во согласност со сите меѓународни и други релевантни стандарди во сферата на човековите права.

Извор: Макфакс



Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДЕБРАНЕЦОТ КОЈ ОБИДЕ ДА СИЛУВА СОГРАЃАНКА

Следна статија

ПРЕСВРТ: ДЕРБИТО ЗА СКУДЕТОТО ВО ИТАЛИЈА ЌЕ СЕ ИГРА СО ПУБЛИКА НА ТРИБИНИТЕ?

Најново од Вести