ПРЕСВРТ: ДЕРБИТО ЗА СКУДЕТОТО ВО ИТАЛИЈА ЌЕ СЕ ИГРА СО ПУБЛИКА НА ТРИБИНИТЕ?

/

Едно од најголемите италијански дербија меѓу Јувентус и Интер во рамки на 26. коло од Серија А би можело да се одигра и пред навивачите, иако претходно беше најавено дека ќе се игра пред празни трибини поради коронавирусот.

„Спорт Италија“ пишува дека од Ломбардија соопштиле дека ситуацијата со коронавирусот во Италија се проценува во моментов и до сабота ќе биде донесена одлука за средбите од италијанскиот шампионат.

„Се надеваме дека ширењето на вирусот го губи налетот и дека секој навивач би можел од трибините да го гледа италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер. Немам дилема дека ова ќе заврши позитивно. Ќе провериме детално и во сабота ќе ја донесеме одлуката“, пишува во соопштението.



Јувентус и Интер играат дерби, кое е од голема важност за титулата во Серија А, со оглед на тоа дека тие два тима, покрај Лацио, се борат за Скудетото.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ЕУ НУДИ ПОСРЕДУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА ВО ЦРНА ГОРА ПО МОДЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД СЕНОКОС ОСТАНА НА УЛИЦА ПО ПОЖАРОТ ВО НИВНАТА КУЌА

Најново од Вести