„НЕКА БИДАМ САМ“- НОВА ПЕСНА НА ПЕЈАЧОТ БОБАН АПОСТОЛОВ

Пејачот Бобан Апостолов има нова песна „Нека бидам сам“. Музиката и текстот се негови, додека аранжманот е на Милан Миланов. За спотот кој се снимаше во Тетово, се погрижи Горан Јаневски.

„Се надевам дека мојата нова песна ќе ѝ се допадне на публиката. Напорно работевме и задоволни сме од тоа како излезе крајот. Песната е веќе прифатена на социјалните мрежи и добивам голема поддршка од фановите. Во иднина планирам уште многу песни“, изјави Бобан.