|

Нема апанажа за функционерите што се разрешени или поднеле оставка, пресече Уставниот суд

Функционерите што поднеле оставка или се разрешени нема да имаат право на апанажа. Одлуката е донесена од страна на Уставниот суд, кој го укина членот 22 од Законот за платите и надоместоците на избрани и именувани лица. Од таму посочуваат дека сите присутни судии, пет на број, едногласно ја донеле оваа одлука, која треба да биде објавена во „Службен весник“ за да стапи во сила.

„Оваа одлука ги опфаќа разрешените функционери и оние што дале оставка. Она што е спорно, според Уставниот суд, и не е оправдано е што кога се дава оставка или се разрешува функционер, тој се поврзува со одговорност што произлегува со доверената функција. Неспојливо е по оставка или разрешување, да се добива надоместок“, објаснува портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, за „Макфакс“.

Досега право на апанажа имаа сите функционери што ќе истакнеа такво барање по нивна оставка или разрешување.



Слични Објави