НЕМА КРАЈ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ВАРДАР: И ГОЛМАНОТ ГЕБДАНЕ НА ОПЕРАЦИЈА
Алжирецот Калифа Гебдане е последниот во низата ракометари на Вардар кој има мака со повреда и заврши „под нож“.
Голманот подолг период се мачел со повреда на препоните, па затоа морал на операција. Тој не беше во составот на „црвено-црните“ на последните два натпревари од СЕХА-лигата.
Засега не е познато колкава ќе биде паузата на Алжирецот и дали ќе биде подготвен пред почетокот на втората полусезона во февруари 2019 година. Пред Гебдане на операција од таборот на Вардар заминаа и Даинис Криштопанс, Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбох.
Извор: Sport1
