|

Нема пропуст во лекувањето на родилката што скокна од Гинекологија, вели комисијата

Петчлената комисија формирана од министерот за здравство, која вршеше стручен надзор за случајот со 39-годишната родилка, која скокна од прозорец на Гинекологија, не утврди пропусти во нејзиниот третман.

„Биле направени сите неопходни медицински процедури кај сега покојната пациентка и не била регистрирана депресивна психотична симптоматологија. Според комисијата, пациентката не изгубила контакт со реалитет и не можело да се предвиди ваков немил настан“, се наведува во извештајот на комисијата испратен од Министерството за здравство.

Претходно, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по вонредниот инспекциски надзор на скопска Гинекологија, констатира дека ГАК направила пропуст бидејќи докрај не ја спровела постапката за обезбедување психијатар.

39-годишната родилка почина на КАРИЛ две недели по скокањето од прозорец на ГАК.



Слични Објави