|

Пристигна лекот за конго-кримската хеморагична треска, единствен на располагање во тешки клинички форми

Инфективната клиника информираше дека вчера пристигнал лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на конго-кримската хеморагична треска.

Докторката Добринка Наунова-Јовановска од ЈЗУ УК за Инфективни болести вчера објасни дека заразената болничарка е во стабилна состојба.

„Параметрите се следат континуирано да не дојде до некое влошување, ја следиме постојано“, рече Наунова-Јовановска.

Болничарката се зарази од 27-годишната жена од Штипско која почина на 30 јули по убод од крлеж.

По првиот случај со конго-кримската хеморагична треска, Државниот здравствен и санитарен инспекторат издаде решенија за надзор за 29 контакти. По вториот случај, издадени се решенија за уште 11 контакти.

Слични Објави