Невреме во Скопје со град и силен ветер

/

Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.





Претходна статија

Средба Османи – Ескобар на Бледскиот стратешки форум

Следна статија

Општина Гостивар одвои по 1.500 денари за секое прваче

Најново од Вести